Сутерен.мк

Диета за жените по 50-тата

Покрај процесот на стареење, кога мускулите се претвораат во масти, женското тело се соочува и со менопауза. Губењето на естрогенот има големо влијание врз согорувањето на мастите.

Експертите велат дека кога ќе опадне естрогенот, најпрво доаѓа до промена на расположението, па заради емотивната глад жените се препуштаат на големи количини, најчесто нездрава храна, за да го надминат тоа и да се утешат.

Од друга страна, падот на прогестеронот прави помалку да спијат, додека нивото на стрес расте, особено што во оваа фаза на животот често се губи смислата за цел особено, ако децата се пораснати и тргнати по свој пат.

Бидејќи во овие години, на жените им е речиси невозможно да ја контролираат телесната тежина и особено тешко таа да се намали, по извршени повеќе истражувања, нутриционистите ја прогласиле т.н. критска диета како единствена која дава позитивни резултати.

Станува збор за верзија на медитеранската диета, но со критската покрај слабеењето, носи и многу други бенефити за средовечната жена. Го намалува лошиот холестерол, нивото на шеќер, го чува здравјето на крвните садови, го нормализира метаболизмот, ја одржува добрата физичка форма, но и доброто расположение.

Не е потребно никакво гладување и строги рестрикции, туку мени на кое има храна богата со витамини и антиоксиданти, но и влакна што го стимулираат доброто варење.

Оваа диета подразбира доста сиров и варен зеленчук, интегрални житарки, обезмастени млечни производи од козјо и овчо млеко, јајца, мрсна риба, бело месо, маслиново масло и црно вино во мали количини.

Забранети се сите видови на конзервирана и обработена храна, како и тешки десерти.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *