Сутерен.мк

Забрана на пластиката за една употреба!

Германија воведува забрана за продажба на пластични производи за една употреба!

Новиот закон стапува на сила денеска и е примена на европската директива насочена за заштита на океаните од загадување.

Покрај кесите во продавниците, се забрануваат и пластичните чепкалки за уши, чинии, шишиња, чаши, лажици, вилушки…

Според тврдењата на Европската комисија, производите од пластика за еднократна употреба претставуваат седумдесет отсто од ѓубрето што завршува во океаните и плажите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *