Сутерен.мк

За печатот врз М&М бомбоните

И покрај разноразните креативни теории, знакот М&М на бомбоните се става по машински пат, но самиот процес е сопственост (и тајна) на компанијата „Марс“. Овој знак ги истакнува овие бомбонки од сите досегашни и идни ефтини имитации, па затоа не е ни чудо што произведувачот така стамено си ја чува својата технологија.

Откриваат само дека процесот е сличен на офсет печатот, што алудира дека печатот нема директен допир со шеќерната глазура.

Многу производители на лекови ја користат офсет техниката  за обелеќување на  таблетите.

Инаку, М&М значи две имиња – Марс и Mари. Тие на почетокот на четириесеттите на 20 век беа сопственици на фабриката М&М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *