Сутерен.мк

Зошто избегнуваме вистински врски?

Ние самите, несвесно креираме се во што се наоѓаме, па и „програмата“ на осаменост. Разочарани и очајни главно, се откажуваме од се, а љубовниот живот ни станува нешто далечно, недостижно и нереално.

Психолозите наведуваат неколку причини за тоа…

Не сакате ништо да менувате во вашиот живот. Навистина добрите мажи не сфаќаат зошто само тие би се прилагодувале?! Всушност, многу од жените, порано или подоцна, губат интерес и почит за послушните мажи. Впрочем, доброто партнерсто подразбира рамнотежа.

Лоши искуства. Трауматичните искуства креираат убедувања дека мажите се извор на болка и негативности, па жените почнуваат да ги избегнуваат врските. Некои пак, ќе прифатат, но само за да си потврдат дека ништо интимно со мажите не може да биде добро.

Задоволни сте со својот слободен статус. Правите што сакате и никому не полагате сметки. Се би било о.к. да не е притисокот на општеството, блиските, биологијата, стравот од осаменост…

Доколку сакате, а се уште не сте во заедница со некој, почнете да работите на „случајот“ за да го победите „несвесното“.

Прашајте се што ќе се промени доколку сретнете некого? Како ќе се чувствувате, што ќе биде со вас?

Почнете да си создавате секојдневни визуелни слики на посакуваната иднина, со сите детали, сензации, па дури и звуци, ако е потребно.

Најважно, само препуштете се, дозволувајќи му на вашето несвесно да го сработи потребното наместо вас. Пренесете ја целата одговорност за резултатот на своето несвесно.

А вие мирно уживајте во личните внатрешни промени и преубавите трансформации кои набрзо ќе го променат вашиот живот на подобро.

Извор…                                                                            

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *