Сутерен.мк

Зошто силните жени се емотивно исцрпени?

Независните, одлучни и практични жени, можат многу работи сами да направат. Се чини дека се држат под контрола, но честопати не можат да управуваат со своите емоции. Зошто е тоа така?

Ги потиснуваат своите чувства

Силните жени се преокупирани со помагање на другите и давањето на себеси, па немаат време за анализирање и изразување на своите емоции и затоа ги потиснуваат, таложејќи ги. Бидејќи се само луѓе, одвреме-навреме насобраното еруптира.

Секогаш се даваат себеси

Секогаш се подготвени да помогнат, љубезни се кога ќе им се обратите, тука се за вас, секогаш кога ви требаат за било што. Наспроти ова, тие речиси никогаш не бараат помош, бидејќи се свесни дека сите си имаат свои животи, но би било убаво да си приспомнете дека покажале разбирање кога ви било потребно, па да се понудите, да не чекате молба…

Добро ги прифаќаат ударите на животот

Задачи, проблеми, барања… Тие секогаш добро ја завршуваат работата, дури сјајно. Силните жени добро се носат со ситуациите што ги спуштаат на земја, потценувањата – не дозволуваат било што да ги запре, туку стануваат се посилни.

Меѓутоа, се има свои граници. Со силата доаѓа и слабоста: силните жени навикнати се да одговорат на секој повик, барање, молба и не можат да кажат не, но тоа и ги исцрпува.

Не веруваат никому

Секако дека имаат доверба во најблиските, но се држат до изреката дека, ако сакаш нешто добро да се сработи, направи го тоа сама.

За генералната недоверба „заслужни“ се и разочарувањата од минатото од кои научиле дека лојалност може да очекуваат само од себеси: низ невозвратените љубови, изневерувањето од колегите, прекинувањето на пријателските, роднинските врски…

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *