Сутерен.мк

Каде има најмногу пирамиди?

Египет не е светска престолнина на пирамидите, па дури ниту северна Африка. Најмногу ги има во Судан!

Пирамидите во Судан се изградени од членови на Кралството Куш, древна цивилизација која владеела со областите долж реката Нил од 1070 година п.н.е. до 350 година п.н.е.

Меѓутоа, и двете култури и Кушитите и Египѓаните пирамидите ги користеле за да ги погребуваат мртвите.
Големината на пирамидите исто така се разликува. Просечната кушитска пирамида е висока од шест до 30 метри, додека пак просечната египетска пирамида е висока приближно 138 метри.

Влезовите на суданските пирамиди вообичаено се свртени кон исток, како знак на поздрав на изгрејсонцето. Стилот на градба е таканаречен нубиски и го красат голем број декоративни елементи, инспирирани од уметноста на Египет, Античка Грција и Рим.
Една од најголемите концентрации на кушитски пирамиди е древниот град Мерое, кој се наоѓа во близина на средината на денешен Судан. Само овој град содржи околу двесте од 255 пирамиди.
Без оглед на тоа што знаат кој ги изградил и во кој временски период, истражувачите и натаму имаат многу прашања за суданските пирамиди на кои сè уште не можат целосно да одговорат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *