Сутерен.мк

Какви ќе сме во 2021-ва?

Овен

Постои голема веројатност слободните Овнови оваа година да стапат во брак. Другите знаци треба добро да размислат доколку добијат покана да бидат вториот на венчавка, затоа што Овенот никогаш не се разведува! Не, не тоа од некаква лојалност, љубов или религиозност – тој бидејќи за себе мисли дека не може да погреши, никогаш нема да признае дека го промашил изборот на партнерот!

Бик

И во 2021 година овој знак ќе си ги гледа омилените филмови со среќен крај и ќе се дере на секој келнер затоа што му доцни кафето. Секако и понатаму ќе добива нервни напади пред билборди на кои е личноста која нему не му се допаѓа. Едноставно, сакаат конфликти, затоа што според нив, ако се е ок, тогаш нешто не е во ред! Продолжуваат да бидат нестрпливи и агресивни за да стигнат… Па, никаде особено.

Близнаци

Ќе зборуваат многу и гласно за да бидат слушнати, што е вистинска штета бидејќи, најчесто само себеси се слушаат. Всушност, она експертине велат дека Близнаците не се ништо друго освен, параноични Водолии. Можеби оваа година ќе се решат конечно, да учествуваат и на некој натпревар! Во билијард или шах. Што мислевте? Ќе фрлаат копје!? Годинава ќе бидат и главни потрошувачи на лекови. Нелегални.

Рак

Ако сте Рак и ви се чини дека почнале да ве зафркаваат уште од први јануари, веројатно сте во право. Никој нема да ве сфаќа сериозно, така што годинава ќе ја поминете во разнесување на пијани пријатели. Тоа ќе бидат обично Риби. Ќе продолжите да работите од дома т.е. од креветот, а здравјето ќе го одржувате со помош на пиво и газирани сокови. Нема да ве викаат како четвртиот на журката затоа што во секој момент нагласувате дека знаете кој што мисли! А бајачи, никој не сака за дружба.

Лав

Лавот ќе продолжи да го бара целото внимание за себе и по секоја цена па така, ако не го сослушаш до крај и се обидеш да ја напуштиш просторијата, ќе застане пред тебе, а не е исклучено ни самозапалување! Нема да се венчаат ни оваа година, бидејќи никој не им е ни до колената! Доколку и стапат во брак, многу веројатно е дека ќе го кријат партнерот заклучен во подрум за кога ќе дојдат гости да не го срамоти.

Девица

Вирџиниве се толку луди што омилена занимација им е отворање и затворање на вратата на фрижидерот обидувајќи се да го прејдат светлото. Доколку сакате да ги полудите тотално, само ставете ги јајцата на место што не е предвидено за јајца. Во фрижидерот. Следнава година ќе бидат особено иритантни. Измалтретирани од вирусов ќе бараат постојано внимание со рецитирање поезија, сликање акварели, пуштање сентиментална музика… Оток!

Вага

Ќе бидат постојано загрижени што мислат другите за нив иако, ич не им е гајле за тие, другите! Нема да јадат брза храна и понатаму. Легендата вели дека од појавувањето на дуќаните за роба од втора рака забележано е присуство на само две Ваги. Глобално, секако. Претенциозни и надмени, Вагите се најчестиот холивудски знак. Ако нешто во меѓувреме стане тренд, а тие претходно истото не можеле да го смислат, наеднаш се најголемите подржувачи на трендот! Па зарем може некој да се сомнева во нивниот непогрешлив вкус!?

Шкорпија

Ќе продолжат да пушат додека се тушираат. Исто како што ќе продолжат и да ја објаснуваат својата животна филозофија пцуејќи. И во 2021 година нема да сфатат дека „Ѕвездени патеки“ се фикција и ќе мамат колку што можат и не можат во игрите на среќа. Кога ќе се напијат ќе објаснуваат со часови која е разликата помеѓу café latte и café au lait! И ќе се чудат како до сега не ги грабнале вонземјани.

Стрелец

Стрелците никогаш немојте да ги запознавате со родителите пред официјалната венчавка! Ќе ви ја врзат мајката за столица и ќе изведат стриптиз пред татко ви. Нема личност која не можат да ја забават. Затоа често се и трансродови личности. Пајаците ги убиваат со голи раце – родени авантуристи се! Можат и без светло да стигнат до купатилото! Ахам. Само не се способни да си ги покажат своите вистински чувства.

Јарец

Јарците ќе нижат успеси наредната година на секое поле каде што има математика. Што има врска, кога се најдосадните знаци!? Најголемиот број на политичари се Јарци. Сега има логика, нели!? Сепак, мора да им се признае дека се вредни, доверливи, лојални. И досадни. Секогаш се во движење, не запираат додека не ја постигнат зацртаната цел. Вистински давеж.

Водолија

Овој знак сака многу да се журка. Секогаш и секаде! Малку се носталгични по шеесеттите години од минатиот век, бидејќи тогаш можеле да шетаат голи, а да не бидат уапсени. Многу сакаат да се голи. Уште подобро, голи и пијани. Забавни се бидејќи влијаат на луѓето. Нареднава година ќе испијанат секого кој ќе сретнат, а богами баеги и ќе соблечат. Оние глупавите мејлови што ни соопштуваат дека сме добиле некое наследство – дело на Водолии се! И Бил Гејтс е Водолија. Ете.

Риби

Дефинитивно Рибите оваа година ќе се преселат во Нарнија! Здосадено им е да предизвикуваат смеа каде и да се појават! Не затоа што се духовити, туку зата што се смешни. Веќе не можат ниту да изглумат дека поднесуваат и најмала критика! Паѓаат во несвест и ако само им се причини дека сте ги погледнале испитувачки. Папасани се од пандемијава. Сепак, бидејќи немаат никаква ориентација во простор, најверојатно нема да мрднат од местото на кое се. А бидејќи се најдобронамерниот знак, се надевам дека ќе се снајдат…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us