Дефинитивно едно од најгорливото прашање во веќе, секуларната религија – да се изгледа како ретушираните фотографии од рекламите – е како да се потрошат што повеќе калории за што покусо време?
Да не ја тенчиме премногу, IFL Sciense пишува дека според испитувањата на клиниката Мејо, која извршила тестирања на луѓе со од и над 90 килограми, еве кои вежби колку придонесуваат во губењето на калориите:
Нормално одење за еден час согорува 255 калории додека опуштено возење на велосипед 364 калории. Со побрзо пешачење, може да изгубите околу 391 калорија за еден час.
Аеробикот и кревањето тегови во лајт верзија, помага да стопитте 455 калории, додека пак умереното пливање 528 кал. на час, а сличен ефект има и искачувањето по угорнини.
Најмногу ефект во губењето на телесната тежина ќе добиете со интензивниот аеробик (664 калории за еден час), возењето на ролери (683 кал.), умереното трчање (755 кал.), трчањето по скали (819 кал.), брзото пливање (892 кал.), а најмногу калории исчезнуваат со скокањето со јаже – дури 1 074 за еден час!
Патем речено, треба да изгубите над седум илјади калории за да ослабнете еден килограм од вашата тежина.