Сутерен.мк

Како стоите со криминалот?

Овен

Овновите обожуваат оружје и со мерак го поседуваат. Милитантни се, сакаат крв и солзи. Значи, без многу мислење ќе упукаат некого. Меѓутоа, тоа никогаш нема да е некој послаб од нив. Најчесто, ќе го изрешетаат газдата, некој силеџија, говедо од човек. Ама, бидејќи се тврдоглави, импулсивни, фаталисти – најдобро е да им се забрани поседување и на чатал.

Бик

Ова е лаком знак и си сака луксузни работи, па така, ако не може да ги купи – ќе ги украде! Полето на дејност му е перење пари. Работат сами, бидејќи никому не веруваат и не се фалат со овие подвизи. Умни тие! Ако ги фатат на дело, а тоа е обично во сендвичара или маркет (стално се гладни) ќе пробаат да се извадат со „не можев да одолеам!“

Близнаци

Ова е шејтанска категорија на ликови, но според некои статистики, најмалку од нив се апсени! Тоа е затоа што многу лажат. Ама, многу! Не шетаат наоколу со оружје и пљачкосуваат кого ќе сретнат, туку се неранимајковци од лирски тип – наоѓаат лековерни и им ветуваат сештое, па после ги снемува. Стара школа.

Рак

Можеби ќе звучи чудно, но најмногу криминалци има во овој знак. Бидејќи се психички тотално лабилни, несигурни во своите чувства и тешко го контролираат својот темперамент, убиваат без око да им трепне. Секако дека најчесто е тоа од љубомора, одмазда т.е. страсти. Добро сега, за шефот кој им дал отказ имаат олеснителни околности!

Лав

На цела таа суета Лавовите се најмалку криминогени! А и кога се впуштаат во незаконски дејанија, го прават тоа на големо! Не може да ги има во „црна хроника“, некаде на дното, во билтенот на МВР, туку на насловна, со големи букви! Ладнокрвни се и опасни. Ако решиле да ве решат, ќе ве!

Девица

И овие сакаат оружје и со мерак го носат, ама се смотани и често ги фаќаат, па од шокот дека се откриени, брзо – брзо се признаваат! Најмногу им лежат финансиските измами и хакирање. Девиците од „вториот ред“ се обични џепчии или провалници во куќите на осамени баби, ама таму редовно ги фаќаат. Дури и мачките можат да ги уапсат.

Вага

Непотизам, корупција, наместени натпревари… Краците им се пуштени на сите страни. Тоа не се личности, тоа се октоподи! Специјалност им е сепак, стопанскиот криминал. Многу се сугестивни значи, манипулатори од врвен маштап. Што ќе рече, вашите 18 сантиметри се нивни дваесетипет!

Шкорпија

Сериските убијци и психопати се најчесто во знакот на Шкорпија. Еми!? Безмилосни се, што ги прави идеални платени егзекутори. Доколку сте во врска со овој знак, ако решите онака, ненајавено да го напуштите најверојатно, ќе ве најдат во некој ендек, со мали шанси за идентификација. Ахам.

Стрелец

Овие па, од што се претерано самобендисани, редовно се на робија! Доколку не се омажат/оженат богато, бидејќи се родени чаламџии, лесно ќе се впуштат во криминал за да ја задоволат својата помпезност. Мора да им се признае дека нема физички да повредат никого иако, за да си ја спасат кожичката лесно ќе ве остават на цедило.

Јарец

Овие се мафија! Амбициозни какви што се, не се задоволуваат со „џепарлак“, туку сакаат да се страв и трепет не во државата, ами на континентот! Организираниот криминал им е во нивната ДНК запишан, добро се „покриваат“, за највалканите работи користат туѓи услуги и се вешти бегалци.

Водолија

Оригинални и досетливи, тие се меѓу најретко уапсените ликови од страна на законот. Што е право, ретко и се впуштаат во криминални дејанија. Водолиите знаат дека има полесен начин. На пример, да станат лидери на верски фанатици и да им ја земат и последната паричка од џебот.

Риби

Овие збунети суштества најчество се впуштаат во бизнисот со наркотици. Не ретко шверцуваат и егзотични животни, луѓе и тутун. Такви какви што се, нивните криминални „решенија“ не само што се чудни, туку честопати и смешни. Дури и во затвор, тие ќе се поврзат со најапсурдната дружина што постои!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us