Сутерен.мк

Керефекиите на Макрон

На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спушта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата.

Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика скандал за време на телевизиско интервју во кое говорел за пензиските реформи.

Францускиот претседател, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигнал својота рака и го покажал часовникот за кој некои тврдат дека чини 80 000 евра.

На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спушта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа ја продолжува расправијата, само овој пат без часовникот на раката.
Сè се случуваше додека демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.
Немирите во Франција уследија откако француската влада ја искористи својата специјалната уставна моќ за да го усвои законот за пензиска реформа без гласање во парламентот.

Законското решение предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

За францускиот претседател Емануел Макрон, ваквата реформа е неопходна.

Извор…

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *