Сутерен.мк

Кои се Манескин?

На 65 – тото издание на Евровизија, после 31 година победи Италија со песната „Zitti e Buoni“ („Тивки и добри“) на групата Манескин!

Италијанскиот бенд кој на сцената на Еуросонг 2021 во Ротердам, Холандија донесе освежителен глам рок е составен од млади музичари од Рим, кои својата кариера ја започнале свирејќи на улиците на италијанските градови.

Познати на пошироката јавност ќе и станат во 2017 – та откако ќе настапат на италијанскиот „Икс фактор“, а веќе наредната година го издаваат својот прв албум кој ќе доживее троен платинест тираж. По победата пак, на фестивалот Сан Ремо, директно се пласираат во финалето на најголемиот европски музички настан со истата песна и, победија!

Основачи на групата се басистката Victoria De Angelis (21) и гитаристот Thomas Raggi (20), кои се знаат од училишните денови. Нив им се придружил андрогениот убавец Damiano David (22) како главен вокал, а тапанарот Ethan Torchi (20) го пронашле преку Фејсбук.

Викторија потекнува од Данска и оттаму и името на бендот Манескин (на дански – месечина).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *