Сутерен.мк

Колку трошат на Фејсбук македонските политичари?

Илјадници евра трошат политичарите во Македонија за да се рекламираат на друштвените мрежи. Само на една од платформите – Фејсбук – за период од три месеца поторшени се 100 илјади евра само од политичари од Македонија.

Податоците кои ги анализиравме се од последните три месеца, а се јавно достапни преку алатката на Мета наречена Meta Ad Lubrary Report.
На листата со трошоци во ТОП20 се појавија и медиуми кои потрошиле значителни средства за рекламирање на своите интернет портали, на листата во првите редови не се појави ниту еден меинстрим медиум.

Од политичарите на првата страница, прв е премиерот Димитар Ковачевски кој во период од нецели три месеци има потрошено над 20 илјади евра, односно емитувал и рекорден број на реклами, вкупно 362.

Веднаш по него следува и „неговата“ политичка партија СДСМ која потрошила 7.900 евра. Опозицијата се наоѓа во листата од ТОП 40. Христијан Мицкоски според податоците на Мета во изминатите 90 дена потрошил 580 евра за 11 реклами.

Од август 2020 година кога започна оваа алатка да ги собира и анализира податоците за потрошени пари за рекламирање, само од Македонија биле испорачани 42.909 реклами, односно потрошени 683.909 илјади евра народни пари.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *