Сутерен.мк

Комеморација за Мето Јовановски во Драмски во вторник

Драмскиот театар Скопје известува дека комеморацијата за актерот Мето Јовановски ќе се одржи во вторник на 21 ноември во 11 часот на големата сцена на театарот.
Посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во понеделник на 20. ноември во 11 часот.

Јовановски почина на 77-годишна возраст. Беше еден од најпознатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Глумеше во голем број филмови, меѓу кои „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, „Нечиста крв“, „Пред дождот“, „Прашина“, „Големата вода“, „Тајната книга“, „Деца на сонцето“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *