Сутерен.мк

Која беше Марина Туцаковиќ?

Една од најголемите авторки на хит песни во поранешна Југославија, Марина Туцаковиќ, почина вчера во Белград, на 67-годишна возраст. “Текстописецот од општа пракса“, како што често ја нарекуваа, била примена во болница на 14 септември и задржана е на лечење од коронавирусот. Пред три години и бил дијагностициран рак на дојка. Во своето последно интервју, во јуни оваа година, својата здравствена состојба ја опиша како „стабилно лоша“!

Марина Туцаковиќ е родена во Белград, во 1953 година.

Завршила економски факултет.

Прво пишувала текстови за изведувачите на забавна музика, а подоцна и за пејачите на народна музика. Работела и на филмови, Евровизија…

Во текот на 50-годишната кариера напишала повеќе од четири илјади песни.

Иако не ја коментираше политиката, нејзиното име се најде на списокот од илјада луѓе кои ја подржуваат Српска напредна странка во 2018 година.

Стихот „Сечаш ли се лепи громе мој“ од истоимената песна на Светлана Цеца Ражњатовиќ, наведен е како пример за падежот вокатив во работната тетратка за пето одделение, но подоцна стиховите се отстранети од српското образование.

Во бракот со музичарот АлександарРадуловиќ Фута ги роди синовите Милош (кој почина во 2008-ма од предозирање) и Милан, кој е исто така текстописец.

Само за стихот „Суза је из ока канула“ од песната „Зора је“ на Неда Украден, заработила сто илјади евра.

Во младоста сакала да биде фризерка, учителка или туристички водич.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *