Сутерен.мк

Која беше Нора Ефрон?

Наречена како „модерна Дороти Паркер“ поради талентите на повеќе полиња, со мантрата дека се е копија, Нора Ефрон се смета за пионер на поимот portfolio career, што би се превело како обавување на различни улоги во една организација!

Таа на денешниве миленијалци може да им мава заушки на секое нивно кочоперење дека владеат повеќе вештини!

Новинарка, сценаристка номинирана за Оскар, романописец, есеист, блогерка… ги заслужува сите заслуги за унапредувањето на, не само жената, туку воопшто општеството во целост!

Родена е на 19 мај 1941 година во Њујорк (а почина на 26 јуни 2012 – та во родниот град), во семејство на Фиби и Хенри Ефрон, сценаристи и драмски писатели, пораснала на Беверли Хилс (Калифорнија), се мажела три пати и има два сина од вториот брак со новинарот Карл Бернштајн.

И за нештата да станат појасни, оваа дама стои комплетно зад филмовите, кои се веќе легендарни во категоријата романтични комедии! Нејзини, меѓу другите се и „Кога Хари ја сретна Сали“, „Ти стигна мејл“, „Бессониот во Сиетл“, „Џули и Џулија“…

А нејзиното искуство од школувањето во Велсли колеџот е пренесено во филмот „Насмевката на Мона Лиза“ со Џулија Робертс. Токму тогаш, како ученичка ќе го напише есејот со кој ќе им порача на жените да бидат хероини во својот живот, а не жртви, ќе ги искритикува образовните установи дека од девојките прават само обични готвачки и чистачки и, текстот ќе и го објават во „Esquire“!

Една од нејзините најсилни страни и е „политички некоректната“ смисла за хумор, што особено ќе ја користи во нејзините романи и есеи кои се во поголемиот дел, автобиографски.

Мажите ја изневерувале, но тоа и не и било најголемото разочарување, туку стареењето. Никако не можела да сфати зошто луѓето преферираат возраст кога не можеш да се сетиш на личноста која си ја запознал пред два дена, отколку онаа кога сакаш да ги заборавиш сите со кои си спиел во последните два дена?!

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us