Сутерен.мк

Кој е најексклузивен ресторан во Париз?

Најстариот и најексклузивен ресторан во Париз е „Сребрената кула“ (“la tour d’argent”), кој има винарска визба со 320 000 шишиња, светски познат рецепт за патка и историја од 441 година.

Градска знаменитост сама по себе, „Сребрената кула“ неодамна беше повторно отворена по реновирањето што имаше за цел да ја зачува традицијата, но и да се прилагоди на 21 век.

„Многу е охрабрувачки за многу посетители да видат дека таквите установи се сè уште присутни во нашата историја и историјата на француската гастрономија“, изјави сопственикот и извршен директор Андре Тераил за американската агенција.

Ресторанот тврди дека е најстар во Париз, а на вратата е втиснат датумот на отворање од 1582 година.

 

Ресторанот вели дека кралот Анри IV овде јадел паштета од чапја, дека „кралот на сонцето“ Луј XIV имал оброк овде во кој имало цела крава и дека многу претседатели, уметници како Салвадор Дали и познати личности, вклучително и Мерлин Монро.


Денес, ресторанот со Мишелин ѕвезди е едно од најексклузивните места за вечера во француската престолнина, недостапно за повеќето. Наједноставното мени за ручек со фиксна цена чини 150 евра, а најприфатливата вечера со фиксна цена е 360 евра и тоа без да се ѕирне во книгата од осум килограми која е наречена „библија“ на неговата винарска визба.

Реновираната „Сребрена кула“ нуди и опции за оние кои сакаат да ја почувствуваат нејзината ретка атмосфера без да нарачаат целосен оброк: салонот на приземјето служи кроасани наутро, соседниот бар служи коктели покрај каминот навечер, а бар на покривот нуди неверојатен поглед во лето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *