Сутерен.мк

Летечки автомобили до 2025-та?!

Далечната иднина на сите ни се чинеше предалечна, но таа изгледа се поблиску благодарение на големите технолошки компании.

Па така, прогнозите на Хјундаи беа дека првите летечки такси – автомобили ќе ги добиеме кон крајот на оваа деценија, но се испостави дека тие се подготвени и порано да го промовираат својот напреден производ.

Големи банкарски брендови вложуваат во летечките автомобили на Хјундаи, која како главна база за тестирања на прототипите ја користи филијалата во државата Вашингтон, САД, а планира да отвори слични и на други места, како на пример, како аеродромот за патнички дронови во Велика Британија.

Хјундаи пред две години даде гаранција од 1,5 милијарди долари за својот оддел за летечки возила, а нивниот пример го следеа и Тојота, Џенерал Моторс, Дајмлер… кои исто така почнаа да вложуваат во лебдечките превозни средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *