Сутерен.мк

Мапирана е водата на Месечината

Тим од научници со помош на податоците на сега веќе пензионираната летачка лабораторија СОФИА, која всушност е „боинг 747 сп“ со телескоп, направи детална мапа од распореденоста на водата на Месечината.

Истражувањето дава нов увид во движењето на водата на површината на Месечината и дава важни податоци потребни за идните мисии на НАСА од програмата Артемис, чија цел е испраќање на астронаути на лунарниот јужен пол.

Телескопот СОФИА претстана да се користи на крајот на 2022 година, главно поради проблеми со буџетот. Овој телескоп беше поставен во адаптиран „боинг 747“, кој леташе на висина до 12 800 метри.

Новата мапа е направена со помош на собрани податоци за 1/4 од површината на Месечината која е свртена кон Земјата под 60 географска ширина, вклучувајќи го и јужниот пол на Месечината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *