„Слоновото стапало“ во Чернобил
Еден од најопасните радиоактивни објекти во светот се наоѓа под четвртиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил, Украина.
Таканареченото „Слоново стапало“ претставува речиси двотонска маса од зацврстен стопен материјал, создадена по катастрофата во 1986 година. Составена е од мешавина од нуклеарно гориво и стопено јадро од реакторот.
Кога било откриено, осум месеци по несреќата, радијацијата била толку силна што престојот во негова близина можел да биде смртоносен за неколку минути.
Иако радиоактивноста со текот на времето се намалува, подрачјето и натаму е строго ограничено и под постојан надзор.
„Област 51“
„Област 51“ е строго чувана воена зона во американската држава Невада, која со децении привлекува внимание и бројни теории на заговор.
Официјално, базата се користи за тестирање и развој на воени авиони и напредни технологии на американското воено воздухопловство. Сепак, високото ниво на тајност доведе до шпекулации за вонземски активности и тајни проекти.
Подрачјето околу базата е целосно забрането за цивили, а секое движење во близина строго се следи.
Глобалниот трезор за семиња на Свалбард

Длабоко под арктичкиот мраз, на норвешкиот архипелаг Свалбард, се наоѓа едно од најважните складишта на биолошки материјал во светот, глобалниот трезор за семиња.
Овој објект често го нарекуваат и „складиште на судниот ден“. На ова место се чуваат повеќе од 1,3 милиони примероци семиња, кои претставуваат илјадници сорти земјоделски култури.
Целта е зачувување на генетскиот материјал во случај на војни, климатски катастрофи или глобални епидемии. Пристапот е строго ограничен и дозволен само за овластени експерти.
Пештерите Ласко
Во јужниот дел на Франција се наоѓа едно од најзначајните археолошки наоѓалишта на праисториска уметност, пештерата Ласко.
Пештерата содржи повеќе од 600 цртежи стари околу 17.000 години.
Масовниот туризам, сепак, го загрозил нивното зачувување, бидејќи јаглеродниот диоксид и промените на микроклимата довеле до појава на габи што почнале да ги оштетуваат сликите на ѕидовите. Поради тоа, во 1963 година пештерите биле затворени за јавноста.
„Црвената зона“ во Франција
Повеќе од еден век по Првата светска војна, околу 1.000 квадратни километри во североисточна Франција и натаму се опасни за живот.
Островот Суртсеј
Ватиканската апостолска архива
Пристапот не е целосно забранет, но е строго ограничен и дозволен само под посебни услови.