Сутерен.мк

Милијарда евра казна за Амазон!

Италијанската антимонополска управа (AGCM) го казни Амазон со 1,13 милијарди евра или 1,28 милијарди долари за „злоупотреба на доминантна позиција“!


Амазон има позиција на „апсолутна доминација“ на италијанскиот брокерски пазар, „што му овозможило да промовира сопствена логистичка услуга, наречена Fulfillment by Amazon (FBA)“, се вели во соопштението за јавноста.

Според AGCM, компаниите мора да ја користат услугата ФБА на Амазон ако сакаат пристап до клучните придобивки како што е етикетата Prime, што пак им овозможува да учествуваат во продажби како што е црниот петок и други клучни настани.

„Амазон на тој начин ги спречи продавачите на трети страни да ја поврзуваат етикетата Prime со понуди кои не се управувани од ФБА“.
Регулаторите рекоа дека пристапот до овие функции е „клучен“ за успехот на продавачот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *