Сутерен.мк

Мора ли машкото во сино, а женското во розово?

Одредувањето на овие две бои за бебињата е настанато како обид за полесно да им се одреди полот за единствената човечка сорта за која важи она старо и излитено: „Мене ми се сите тие исти.“

Епа, за да ги „разликуваат“, бебињата се поделени на две бои. Меѓутоа, зошто баш сино за момчињата? Некогаш одамна се верувало дека злите духови ги опседнуваат детските соби и дека некои бои имаат моќ да го избркаат злото. Сината важела за најмоќна боја, веројатно затоа што потсетува на небо, а со самото тоа и на небесните духови.

А бидејќи тогаш машките деца биле сметани за најголемо богатство, сината боја претставувала еден вид ефтино осигурување.

Злите духови очигледно не губеле време на девојчињата, па затоа женските деца не само што не биле облекувани во сино туку со векови не ни имале „своја“ боја. Денешната навика тие да бидат со розов „предзнак“ потекнува од европската легенда според која тие се раѓаат во пупките на розовите трендафили.

Според истата легенда, машките деца се раѓаат на нива, меѓу зелките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us