Сутерен.мк

Наковска-Бикова освои злато во Норвешка

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, го освои златниот медал на Европското парапрвенство (ЕП) во стрелаштво, кое се одржува во норвешкиот град Хамар и тоа во дисциплината воздушен пиштол од десет метри!


Во финалната серија, во конкуренција на осум натпреварувачки, таа погоди 232,3 круга, пред Турчинката Ајсел Озган со 231,5 круга и нејзината сонародничка Ајсеѓул Пехливанлар, сопственичка на европскиот рекорд (237,7), со погодени 210,4 круга. Претходно, Наковска-Бикова во квалификациите заврши како трета.

Ова не значи обезбедена норма за Параолимписките игри во Париз во 2024 година, но е за пласман на СП во ноември годинава, каде што ќе се пука за место во француската престолнина.

Кај мажите Александар Јовановски во квалификациите го освои десетото место (547 круга) и му недостигаше само еден круг за и тој да се најде во финалето. Третиот македонски натпреварувач на ова ЕП, Ванчо Каранфилов, со 533 круга, го освои 19-то место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *