Сутерен.мк

Највисоката кула од камен

Боловата пирамида изгледа како остро сечило кое изнурнува од Тасманиското море, кое е на работ на Тихиот океан.

Оваа карпа со своите неверојатни 562 метри висина е всушност, остаток од врвот на изгаснатиот вулкан кој останал над водата, а вулканот последен пат бил активен пред седум милиони години. Многумина ја нарекуваат како Австралиски Монт Еверест, а речиси два пати е повисока од Ајфеловата кула.

Пирамидата на Бол е живеалиште на разни птици, риби и други морски суштества, а со својата импресивност привлекува морепловци, пилоти, како и планинари кои сонуваат да се искачат до нејзиниот врв (искачувањето по неа е забрането и казната за непослушните е пет илјади долари).

Првиот човек за кој се знае дека ја здогледал таа огромна камена кула бил Хнери Бол, кој едноставно, го нарекол по себеси. Хенри во 1788 година низ овие води поминувал со бродот Саплај, превезувајќи доселеници на Норфолк.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *