Сутерен.мк

Најдобрите „судски“ филмови

Пет од 25-те, според изборот на looper.com…

„Дванаесет гневни луѓе“ (1957)

Дванаесет поротници одлучуваат за судбината осумнаесетгодишно момче во оваа оригинална судска драма. Филмот одлично прикажува како луѓето функционираат кога се во група и открива колку всушност, сме подложни на влијанието од другите.

„Анатомија на едно убиство“ (1959)

Адвокат во мало гратче одлучува на суд да го брани воениот поручник, обвинет за убиство. Обвинетиот го негира злосторот, но тврди и дека привремено го изгубил разумот, бидејќи гостичничарот наводно ја силувал неговата сопруга…

„Да се убие птицата што се потсмева“ (1962)

Ова е екранизација на истоимениот роман на американската писателка Харпер Ли за случајот на афроамериканецот Том Робинсон, обвинет за силување на бела девојка. Филмот, како и романот веродостојно го илустрираат животот на Афроамериканците на американскиот југ во времето на „големата депресија“.

„Пресуда“ (1982)

Пол Њумен е фантастичен во улогата на алкохоличар кој се занимава со адвокатура и е на залезот на својата кариера.Меѓутоа, еден случај на лекарска грешка, ќе го инспирира повторно сериозно да ја сфати својата вокација и да ја направи вистинската работа за својот клиент.

„Неколкумина добри луѓе“ (1992)

Во воената американска база Гвантанамо, убиен е војник. Воениот обвинител како сторители посочува двајца маринци и случајот би завршил со договор помеѓу обвинителството и бранителството доколку адвокатите на обвинетите не би биле заинтересирани за правда и правдина.

Неповторливи монолози има во филмот – за оние кои заборавиле што значи да си на вистинската страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *