Сутерен.мк

Најосамената куќа на светот

Најосамената куќа на светот се наоѓа на малиот пуст остров Елидеј на Исланд. Ова живописно место во текот на 18 и 19 век било дом на бројни семејства, но постојано било изложено на природни катастрофи.
Неколкуте преостанати жители го напуштиле островот во 1930 година и се преселиле на копно, во потрага по подобар живот. Оттогаш, ова далечно место е ненаселено со луѓе, а осамената куќа предизвикува многу теории на заговор.
Според една приказна, оваа куќа ја изградил ексцентричен богаташ кој планирал да се повлече во Елидеј во случај на зомби апокалипса.

Друга приказна тврди дека во овој дом живее ексцентричен пустиник, додека трета тврди дека куќата е во сопственост на пејачката Бјорк и дека била во преговори со владата за купување на целиот остров.
Имено, белата куќа е всушност колиба изградена од Ловечкото здружение Елидеј. За да ги олесни ловечките излети, здружението ја изградило како база. Во неа има сауна која се напојува со систем за дождовница.

Мистериозната куќа нема вода и струја, но затоа има неверојатен поглед кој компензира за сè. Островот е природен резерват за птици и е заштитен со закон. Туристичките организации често водат тури до споменатиот остров за сите оние кои се љубопитни, но нема влез во куќата.

Извор…

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *