Сутерен.мк

Најпопуларното во светската литература!

Оушн Вуонг

Поет, кој најмногу внимание привлече со првиот роман „On Earth We’re Briefly Gorgeous“, објавен пред две години. Популарноста и понатаму му расте, па е еден од авторите во проектот Future Library Project, колекцијата на делата на современите творци, што ќе бидат достапни за јавноста дури во 2114 година!

Тејлор Џенкинс Рид

Авторката, популарна на Јутјуб и ТикТок, а најпозната по романите „The Sven Husbands of Evelyn Hugo“, „Malibu Rising”, “Daisy Jones and the Six”. Вториот, наскоро ќе добие адаптација во вид на мини –серија на Амазон, во продукција на Рис Витерспун.

Силвија Морено Гарсија

Мексиканско-канадската повеќекратно наградувана авторкa, најпозната по делата “Signal to Noise, “Gods of Jade and Shadow” и “Mexican Gothic”, чиј последен роман наскоро добива мини-серија!

Брит Бенет

Со својот деби роман “The Mothers”, Брит Бенет веднаш се искачи на листата на бестселери и го заслужи епитетот на Најдобрите авторки помлади од 35 години! Втората книга “The Vanishing Half”, исто стана супер-продавана и е една од десетте најдобри книги на годината според „Њујорк тајмс“! И двете нејзини книги ќе добијат филмски адаптации.

Ли Бардуго

Светот е одамна запознат со Бардуго, но на пошироката публика оваа авторка и стана позната по серијата на Нетфликс, „Shadow and Bone. Особено пофалби имаше за нејзиниот прв роман, „Ninth House“, објавен во 2019 –та.

Сара Џ.Мас

Уште една жена,чии книги „Throne od Glass“ и „A Court of Thorns and Roses“, се продадени во повеќеод 12 милиони примероци и преведени на 37 јазици! Лани, повторно ги шокираше сите античитачи со големиот успех на „House od Earth and Blood“.

Казуо Ишигуро

Британскиот автор со јапонско потекло, најпознат е со играњето со жанровите на шпекулативната фикција, научната фантастика и историските измислици во своите романи. Во 2017 година ја доби Нобеловата награда за книжевност. Неговиот роман „Клара и сонцето“ се смета за nајдоброто од него!

Вероника Рот

Најпозната е по серијалот „Divergent“. Вреди да се прочитаи нејзиниот прв роман за возрасни, „Chosen Ones“.

Стивен Кинг

Со своите објавени 63 книги (и многу значајни книжевни награди), едноставно неизбежен е!

Џон Грин

Не само што се ултра-популарни неговите романи „The Fault in Our Stars” и „Turtles All the Way Down”, туку и содржинитешто ги пласира на Јујуб каналот со неговиот брат Хенк, го прават Грин еден од највлијателните личности на денешницата! Посетеноста на неговиот поткаст „The Antropocene Reviewed”, само го потврдуваат тоа.

Извор…

One thought on “Најпопуларното во светската литература!

  1. Јас сум “Трепе“. Се надевам и некој мој роман ќе се најде на некоја листа освен на дебарската на која упорно стои на првото место. А вас ве читам затоа што имате интересни постови. Со ќеф , нашки речено. Поздрав! 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *