Сутерен.мк

Најстарата забележана пандемија

Уште Хомер во неговата „Илијада“ пишува за чумата што ја десеткувала грчката војска за време на Тројанската војна во 12 век п.н.е.

А во Стариот завет едно цело поглавје е посветено на тоа како да се постапува со луѓето за кои има сомневање дека се заразени со лепра и инструкции тие да се изолираат, а свештениците да ги проверуваат на секои седум дена во каква состојба се болните.

Грчкиот лекар Хипократ, кој прв ги дефинирал епидемиите, исто така укажувал на нужноста од изолација на луѓето за кои се претпоставувало дека се инфицирани.

Најстарата забележана пандемија се случила во текот на Пелопонеската војна во петиот век п.н.е. Болеста од Либија, Етиопија и Египет пренесена е во Атина, која била обиколена од спартанската војска. Како што забележува сајтот „Хистори“, притоа две третини од населението го загубило животот.

 

Оваа епидемија ја опишал и историчарот Тукидид, па по него и е наречена како „Тукидидовата чума“. Тој запишал дека против болеста немало лек и дека заразените можеле да ги лечат само луѓето кои ја прележале. И самиот историчар бил заразен, но успешно се извлекол од неа.

Симптомите на болеста, за која се претпоставува дека била тифус, биле грозница, отечено грло и јазик, црвена кожа и оштетувања на ткивото. Епидемијата ги десеткувала Атињаните и во голема мера придонела за нивниот пораз од Спарта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *