Невронаучник откри „многу чуден“ трик – како да заспиете за пет минути?

Во неодамнешното гостување во емисијата „Real Time with Bill Maher“, невронаучникот Ендрју Хуберман откри необичен трик за спиење за кој тврди дека му помага, а кој се темели на истражувања за мозокот, пренесува Upworthy

Во неодамнешното гостување во емисијата „Real Time with Bill Maher“, невронаучникот Ендрју Хуберман откри необичен трик за спиење за кој тврди дека му помага, а кој се темели на истражувања за мозокот, пренесува Upworthy.

„Ако се разбудите среде ноќ и имате проблем повторно да заспиете, обидете се само долго и продолжено да издишувате. А сега доаѓа нешто што навистина звучи чудно, но има физиолошка основа. Држете ги очите затворени и само движете ги очите лево-десно зад очните капаци, напред-назад“, му рекол Хуберман на Махер, додека ги движел очите како да набљудува широк пејзаж.

Хуберман е невронаучник и професор по невробиологија и офталмологија на Универзитетот Стенфорд, како и водител на популарниот подкаст Huberman Lab, посветен на здравјето и науката.

Тој понатаму ја објаснува техниката.

„Направете неколку долги издишувања. Не можам да ви ветам, но подготвен сум да се обложам во малиот прст дека за околу пет минути повторно ќе заспиете“, наведува научникот.

Хубермановиот трик заснован на невронауката

Хуберман подетално ја објаснил оваа вежба во подкастот Power Project на Марк Бел. Тој зборувал за интересната врска помеѓу движењето на очите и амигдалата – дел од мозокот во форма на бадем кој ги контролира емоционалните реакции.

„Движењата на очите од овој вид всушност ја потиснуваат активноста на амигдалата и прават луѓето да се чувствуваат посмирено и помалку исплашено“, рекол Хуберман.

Тој додал дека додека шетаме, природно ги движиме очите лево-десно за да го анализираме теренот пред нас, што истовремено ја смирува амигдалата.

„Но, кај повеќето луѓе кои гледаат, движењето на очите лево-десно во период од 10 до 30 секунди ќе доведе до смирување“, рекол Хуберман.

Според неговото објаснување, ова има смисла и од еволутивна перспектива, бидејќи отсекогаш сме се соочувале со закани – било од други луѓе или од животни. Движењето нанапред, како што наведува, е начин да се потисне реакцијата на страв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *