- „Секогаш биди поет, дури и во прозата.“
- „Тешко можам да замислам убавина во која нема ни малку меланхолија.“
- “Животот е лудница од која треба да се побегне.“
- „Треба да се биде пијан! И тоа е единствено важно… А со што? Со вино, поезија – со што ти е мило. Ама биди пијан!“
- „Злото се прави без напор, секако, тоа е дело на судбината, доброто е секогаш производ на уметноста.“
- „Мажите најдобро се снаоѓаат покрај жени, кои најдобро се снаоѓаат без нив.“
- „Ако светот и не постои, измисли го. Ама претходно провери дали не постои!“
- „Те сакам бидејќи ми даде љубов. Ја сакам љубовта бидејќи ти ми ја даде.“
- „Книжевноста и уметноста треба да се создаваат независно од моралот.“
Шарл Бодлер (9 април 1821 – 31 август 1867) е францускиот поет кој го отвори патот кон модерната книжевност. На темелите на неговата поезија е поставена поетиката на симболизмот, најсилниот книжевен правец на европската модерна.