Модната куќа Баленсиага повторно се надминува себеси со „единствените“ креации.
После костумите за свештениците, влечките од „пластелин“, чантите – обични пластични ќеси од гранапче, рекламите за злоставување на децата…, на социјалните мрежи се појави нивно здолниште кое изгледа како две споени патосници за автомобил.
Здолништето е создадено во 2017 година, но дури деновиве стана популарно, а чини 2 900 долари.
„Што е следно?“, прашуваат корисниците на Твитер. „Завесите за када?“