Диригентот од Венецуела, Густаво Дудамел (40) ќе го наследи Швајцарецот Филип Жордеан, на местото музички директор на париската Опера во август и неговиот мандат ќе трае шест години.
Дудамел и покрај овој престижен ангажман, ќе продолжи да го води Филхармонискиот оркестар во Лос Анџелес, на чие чело е од 2009 година.
Директорот на Опера, Александар Ниф, изјави дека Дудамел е реализиран диригент и еден од најголемите во светот. Од своја страна пак, Дудамел рече дека е многу трогнат и благодарен и дека чувствува длабока одговорност кон уметноста што ја застапува особено, во овие тешки времиња заради коронавирусот.