Сутерен.мк

Обединети во слободата

Владата под мотото „Обединети во слободата“ преку културни настани и манифестации со пораки Македонија нема друга алтернатива освен европската, а време е поделеното општество да се сплоти и да исправи пред предизвиците денска одбележа 31 години на независна Македонија.

Традиционално како и секоја година, голем број на домашни но и странски делегации положија цвеќе во алеата на великаните пред вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Доделени беа и ордени на заслуги на најзаслужните а ширум земјата беа организирани и повеќе културни манифестации и изложби на кои граѓаните можеа да присуствуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *