Сутерен.мк

Отворени 13-тите Параолимписки игри

Попладнево во Пекинг свечено се отворени 13-тите Параолимписките игри. Игрите за отворени ги прогласи претседателот на Кина, Си Џи Пинг, а на церемонија присустуваше и првиот човек на параолимпиското движење Ендрју Парсонс!

На Игрите што траат до 13 март ќе настапат 564 натпреварувачи од 46 земји, а според бројот на пријавените учесници ќе настапат 138 дами што е за пет повеќе од претходниот рекорд пред четири години во Пјонгчанг.

Најмногу претставници има Кина која е застапена со 96 параспортисти, а следуваат САД со 67 и Канада со 49 натпреварувачи. Со 60 години највозрасен учесник е Пем Вилсон која ќе дебитира на Игрите, а најмлад натпреварувач е 15-годишната скијачка од Австрија, Елина Стари.

На Игрите ќе бидат поделени медали во шест спортови (алпско и нордиско скијање, биатлон, сноубординг, карлинг и парахокеј, 78 дисциплини, 39 во машка, 35 во женска и четири дисциплини во мешани двојки.

Пекинг стана првиот град во историјата, домаќин на Летни олимписки и параолимписки игри (2008), а годинава и на Зимски олимписки и параолимписки игри.

По одлуката на Интернационалниот олимписки комитет поради инвазијата врз Украина забрана за настап добија спортистите од Русија и Белорусија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *