Во театарот „Плаза“ во Атланта, САД, при реновирање на една бања, пронајден е паричник кој останал заборавен зад еден од ѕидовите повеќе од 65 години. Сопственикот на театарот, Ескобар, веднаш решил да го пронајде човекот кој го изгубил паричникот полн со спомени.
За време на реновирањето, работниците откриле скриен простор позади стар ѕид во бањата на театарот. Под купот прашина и ѓубре се појавил кожниот паричник. Во паричникот заборавен 65 години, имало ливче со наградна игра за нов автомобил Шевролет од 1959 година, банкарски картички, црно-бели семејни фотографии.
Додека ја разгледувал содржината на заборавениот паричник, Ескобар открил дека некогаш ѝ припаѓал на Флој Калберт. Ескобар со помош на сопругата нашол некролог за сопругот на Флој Калберт, Рој Калберт, а потоа наишол на веб-страницата на хуманитарниот голф турнир „Калберт куп“. Така успеале да влезат во трагата на нивната ќерка Теа Чембрлен.
Таа дури пронашла дел од нејзините работи во паричникот, вклучително и нејзината осигурителна картичка и лекарско уверение. Теа моментално има 71 година, а имала само 6 години кога нејзината мајка Флој го изгубила паричникот.