Сутерен.мк

Пензионерски секирации

Во пензија сум веќе шест месеци и отпрвин ми беше пријатно и се одморам по цел ден. Сега веќе ми е здодевно и полошо од тоа. Се чувствувам бескорисно, непотребно, депресивно…

Лилјана, Скопје

Лилјана дарлинг, една студија во Велика Британија ги потврди сомневањата на стручњаците дека заминувањето во пензија доведува до депресија и го зголемува ризикот за настанок на болести. Станува збор за тоа дека одењето во пензија всушност е многу постресна состојба отколку проблемите што ги имаме на работното место.

Тоа што сте во пензија не значи дека треба да чекате само да умрете.

Пензионирањето не е крај на вашите активности (чувањето внуци не се смета).

Повеќето луѓе многу од своите интереси ги оставаат настрана со изговорите од типот „ќе го направам тоа кога ќе се пензионирам“, а кога работниот век и официјално ќе заврши, ништо од реализирањето на со децении правените планови.

Најчесто се случува токму обратното – неизлегување од дома и некомуницирање со надворешниот свет.
Староста може да биде многу убава. Вас можеби ве чекаат уште 20, 30 години… зарем, ќе оставите туку така да ги поарџите!?

Хранете се здраво и редовно вежбајте (сега веќе немате изговори – време имате колку што сакате), потикнете ја и ангажирајте ја својата креативност…

Наспијте се добро, побарајте ги пријателите, роднините со кои порано не сте комуницирале често, одете со нив во театар, кино, концерт, прошетки, излети…

Научете нешто ново – плетење, јазик, интернет…

Вклучете се во разни здруженија, земајте ги редовно лековите, но и витамини и минерали.
И, најважното – носете комотна и пријатна облека…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *