Сутерен.мк

Почина највалканиот човек во светот

Иранецот Аму Хаџи, кого го нарекуваа „највалканиот човек во светот“, почина на 94-годишна возраст. Непопуларната титула ја доби бидејќи се немаше искапено цели 60 години

Хаџи се немаше искапено повеќе од половина од својот живот, одлука што му ја наметнал стравот дека ако се искапи ќе се разболи. Меѓутоа, непосредно пред неговата смрт, мештаните од неговото село наводно го принудиле да се искапе.

Иранецот имал аверзија кон сапун и вода, па дури рекол дека ја мрази самата помисла да се капе.
Хаџи го избрал овој ексцентричен начин на живот откако во младоста доживеал „емоционални проблеми“, по што се оградил од сите. Поголемиот дел од својот живот го поминал во селото Дејгах, во провинцијата Фарс во Иран. Загрижените мештани таму му изградиле колиба од тули, гледајќи дека спие на отворено.

За неговиот живот во 2013 година беше снимен краток документарен филм „Чудниот живот на Аму Хаџи“, но спорно е дали тој навистина го држи светскиот рекорд за најдолго време поминато без капење.

За овој рекорд се пријавија уште неколку луѓе. Познато е и кој би можел да го наследи Хаџи, а тоа е Индиецот Каилаш Синг кој во знак на протест се нема искапено повеќе од 30 години.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *