Сутерен.мк

Почина Ренато Балестра

Утре ќе биде погребот на модниот креатор Ренато Балестра, доајенот на високата мода, кој почина во Рим на 98-годишна возраст.
Веста ја соопштија неговите ќерки Фабијана и Федерика заедно со внуката Софија, која ќе го преземе управувањето со брендот.
Роден во семејство на архитекти и инженери, тој се истакнуваше со уникатен уметнички дух и често беше опишуван како „моден сликар“.

Познат по комбинирање на ткаенини со проѕирни материјали, шарени везови и шик креации, неговото презиме се поврзува и со посебна боја – Балестра Блу.
Балестра дизајнираше облека за холивудските диви Софија Лорен и Ава Гарднер, брзо станувајќи една од најпочитуваните стилисти на големите ѕвезди на холивудската кинематографија.

Балестра речиси случајно пристигна во светот на модата. Неговите пријатели од Техничкиот факултет го замолиле да дизајнира женски фустан поради обложување, но потоа без негово знаење ја испратиле скицата во една висока модна куќа во Милано, која веднаш го повикала да соработува со нив.

И тоа бил почеток на незапирливиот подем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *