Сутерен.мк

Првата Македонка во НБА камп!

Најдобрата македонска млада кошаркарка Михаела Алексовска, доби покана да биде дел од интернационалниот камп на НБА лигата кој од први до петти јуни ќе се одржи во Милано!

Алексовска доби уште едно големо признание: предводникот на нашата селекција „под 16“ години, која лани го освои првото место на ФИБА Челинџерот за млади кошаркарки „под 16“ години во Тбилиси е поканета да земе учество на еден од најпрестижните кампови во Европа за талентирани кошаркарки, насловен како „Кошарка без граници“.

Овој собир кој го организира одделот за младинска кошарка на НБА лига, ќе се одржи во периодот од први до петти јуни во Милано, а се очекува да земат учество повеќе од 40 најталентирани кошаркарки од стариот континет родени 2005 година и помлади.

Ова е можност за капитенот на нашата женска кадетска селекција и кошаркарка на Крива Паланка да ги надгради уште повеќе своите кошаркарски знаења преку дружбата со своите врснички од цел свет.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *