Сутерен.мк

Викенд рецепт: Мрзелив хамбургер

Мечките јадат хамбургери. Но, нестандардни и не со многу леб, но сепак со леб. Оди разбери не! Па, тешко е да се биде мечка, молам….

И овој топол пролетен ден, покрај гладот за плескавици, Mечката има и нескротлива мрзеливост да оди на мечкин пазар. Што имаше во фрижидерот аммммммммм? Рукола, гауда, леб, тепанада од тартуфи, зачини и вел…. највкусните мрзеливи хамбургери.

Производи по порција (Мечките се големи)

● Две готови плескавици од месарница или мелено месо за двајца.
● Повторно рукола, но овој пат количината е по ваша желба.
● Гауда или чедар сирење околу 100 гр рендано.
● Тепанад од тартуфи или ситно сечкани тартуфи во маслиново масло.
● Леб, две убави кришки леб со средна големина.
● Маслиново масло.
● Лук во прав.
● Сол.
● Црн пипер.

Чекор по чекор

● Двете плескавици ставете ги во тавче на 250 степени. Доколку користите мелено месо и сами ги обликувате, не ставајте зачини внатре – ние се стремиме кон природен вкус на сè. На дното на тавата посипете малку сол и бибер, одозгора ставете ги плескавиците и повторно посипете ги со малку сол и бибер, но без да претерате.
● Сирењето изрендајте го.
● Подгответе ги тартуфите.
● Во друга тава посипете го дното со маслиново масло, ставете го лебот, посипете го со маслиново масло, посипете со лук во прав и ставете го во рерна.
● Кога плескавиците се испечени, извадете ги, на секоја ставете по еден слој тартуфи, ставете го ренданото сирење.
● Внимавајте да не изгорат парчињата.
● Извадете ги, ставете ги во чинија и оставете ги малку да се изладат. Одозгора ставете рукола. Нека се почувствува.
● Извадете ги плескавиците со ситно испечено сирење одозгора. На секое парче леб ставете по една плескавица.
● Доколку имате досадни гости кои не јадат глутен, користете леб без глутен.

Извор…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *