Сутерен.мк

Пронајден човечки заб, стар два милиона години

Археолози во Грузија пронајдоа заб стар 1,8 милиони години кој припаѓа на врстата хомо еректус, што научниците го сврстуваат во теоријата дека во тој регион постоеле првите праисториски населби во Европа, од каде што стигнале во Африка.

Забот го пронашле во близина на селото Оросмани, на стотина километри југоисточно од грузиската престолнина Тбилиси во близина на локацијата Дманиси, каде што на крајот 90-тите и 2000-тите години се пронајдени човечки черепи кои датираат од 1,8 милиони години.

Наоѓалиштето Дманиси е најстарото откритие надвор од Африка и го смени научното разбирање на раната човечка еволуција и прселбата на луѓето. Најновото откритие дава дополнителни докази дека планинското подрачје јужно од Кавказ веројатно е едно од првите места каде што човечките заедници се населиле после преселбата од Африка, велат експертите.

Оросмани и Дманиси се центри на најстарите преселби на човекот – раниот Хомо еректус – во светот надвор од Африка, објави во четвртокот после пронаоѓањето на заб во Националниот центар за археолошки истражувања и праисторијата во Грузија.

Ова откритие е битно затоа што потврдува дека луѓето ја напуштиле Африка пред 1,8 милиони години, вели британскиот студент по археологија кој прв го ископал збаот на наоѓалиштето Оросмани. Тоа ја става Грузија на мапата како навистина битно место за палеонтропологија и општо за човечката историја, вели тој.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *