Сутерен.мк

Риби-роботи ќе ги чистат океаните

Роботски риби кои „јадат“ микропластика би можеле да помогнат за чистење на загадените океани, тврдат кинеските научници од Универзитетот во Сечуан, кои за таа цел создадоа роботи долги 1,3 метра.

Рибата-робот е со црна боја и мека на допир и веќе успешно ја отстранува микропластиката од плитките води, а се управува со помош на светла за да се избегне нејзин судир со други риби или бродови.

Доколку пак, ја изедат други риби, без проблем ќе помине низ нивниот дигестивен систем, бидејќи е направена од полиуретан, кој е компатибилен.

Рибата е способна да апсорбира штетни материи дури и кога е оштетена.

Може да плива со брзина од три метра во секунда, што ја прави побрза од поголемиот број на роботи.

Иако е првенствено креирана за собирање на микропластиката, таа може да се користи и на други начини, велат научниците.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *