Сутерен.мк

Секоја 9-та холандска студентка е силувана!

Според остражувањето што го објави Амнести Интернешенел, околу 11 отсто од студентките во Холандија биле силувани.

Што ќе рече, секоја деветта Холанѓанка која студирала, за време на академското образование била жртва на несакана сексуална пенетрација (аод мажите кои учествувале во истражувањето, еден отсто навеле дека имал вакво искуство).

Повеќето студентки и студенти ги познавале сторителите, а насилството најчесто се случувало на забави, интимни дружби и студентски собири.

„Тоа не се непознати мажи во некоја шума, туку момчињата кои ги познаваме“, вели Мартина Хуман од Амнести.

Според едно поранешно пак, истражување на Амнести, дури дваесет проценти од Холанѓанките постари од 16 години имале сексуален однос на кој не биле согласни и три проценти од мажите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us