Сутерен.мк

Советот на Европа бара повторно отворање на хашките случаи

Иако ДПМНЕ и СДС во 2002 година, па повторно во 2011 година ги амнестираа воените злосторници на УЧК, истовремено коалицирајќи со нив – сепак Советот на Европа бара повторно отворање на т.н. ХАШКИ случаи: Водството на ОНА, Малтретираните мавровски работници, киднапирањето Македонци од Непроштено и Липковска брана. Со дописот од 15 јануари 2024 година до македонската Влада, испратен од комесарката за човекови права при Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, се потенцира дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество.

Засегнати за овие случаи се сега техничкиот премиер Талат ЏАФЕРИ, лидерот на ДУИ Али АХМЕТИ, како и многу други поранешни функционери, кои 23 години поддржувани од СДС и ДПМНЕ ја разоруваат македонската држава. Дел од пратениците, кои се во актуелниот состав на ДПМНЕ и кои го критикуваа изборот на Џафери, беа дел од пратениците кои во 2011 година гласаа за амнестијата на воени злосторства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *