Славниот холивудски актер Метју Меконахи (52) од 2007 година е во врска со Бразилката Камила Алвеш (39), со која се венчаа во 2012 година,а во бракот ги имаат синовите Леви (13) и Ливингстон (8) и ќерката Вида (11).
Со Камила се запознале во ноќен клуб во Лос Анџелес случајно, на шанк и велат дека водат многу едноставен живот без непотребни афектирања.
Инаку, сопругата на Меконахи е блогерка, лансираше и линија на органска храна за деца, а наскоро ќе објави и книга за здрав начин на исхрана за децата.