Според таблоидите, британската пејачка, Рита Ора (31) и режисерот оскаровец („Зајакот Џоџо“, „Тор: Рагнарок“) од Нов Зеланд, Таика Ваитити (46) планираат мала церемонија во странство пред да прослават со своите колеги од холивудската А-листа со големата забава во Лондон подоцна оваа година.
Рита и Таика станаа љубовна двојка во март 2021 година, кога се запознаа во Австралија, а набргу почна да се шпекулира дека нивната врска се движи толку бргу што почнале да разговараат за брак.
„Таика постојано ја нарекува Рита женичка и зборува за тоа како тој ќе биде нејзиниот прв и последен сопруг“, велат нивни неименувани пријатели.
Во тоа време, Рита, наводно почнала да се шегува за брза „хипи“ церемонија во Калифорнија, а подоцна да слави со голема забава.
На Ваитити ова ќе му биде втор брак, а од првиот со продуцентката Челзи Винстанли има две ќерки.