Сутерен.мк

Убиени тројца на северот од Косово

Ситуацијата во српското село Бањска на северот на Косово продолжува да биде напната, иако многу од деталите сѐ уште се нејасни. Спорадични престрелки меѓу сѐ уште непознатата групата вооружени лица и косовската полиција продолжуваат да се одвиваат, а во нив до сега се убиени тројца од припадниците на групата и полесно повреден бил уште еден полицаец.

Косовската полиција соопшти и дека успеала да уапси еден од припадниците на групата, а уапсени се уште четири лица кои полицијата ги поврзува со групата, а кои биле приведени кај Рударе при сообраќајна контрола на возило, во кое пронашле радиостаница.

Косовскиот премиер Албин Курти го обвини Белград за оркестрирање на овој напад, кој според него го извршува добро организирана и опремена криминална група.
Белград ги отфрла обвинувањата на Курти, посочувајќи дека Приштина побрзала вината да ја префрли на Белград, без да ги утврди сите факти на настанот. Српскиот претседател најави обраќање до јавноста вечерва.

Престрелката започнала нешто после 2 часот и 30 минути утрото откако Единицата за брза интервенција на косовската гранична полиција забележала дека на влезот во Бањска биле поставени камиони без регистрација, со кои бил блокиран патот кон селото. Три полициски единици се упатиле кон локацијата, но кога пристигнале во близина на блокадата кон нив бил отворен оган од повеќе различни правци со разновиден арсенал на огнено оружје.

Косовските полицајци почнале битка со маскираните напаѓачи и успеале да ги извлечат повредените колеги. Биле префрлени во болницата во Јужна Митровица каде е констатирана смрт на еден полицаец, додека вториот е вон животна опасност.

Според информациите од косовската полиција напаѓачите се распроедени во и околу манастирот во селото, од каде што продолжуваат со споредичните напади кон безбедносните сили. Полицијата тврди дека само ги брани своите позиции и ги повикува да се предадат. Со цел смирување на ситуацијата и избегнување понатамошна ескалација, тие упатија и повик до месното население да соработува со безбедносните сили.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *