- Ниту една трендовска диета не е нов режим на исхрана, туку станува збор за рециклирана стара диета во ново пакување.
- Не постои хранлива состојка која е „подобра“ од другите хранливи состојки! Едноставно, сите хранливи состојки се хранливи и според тоа и потребни за човечкиот организам!
- Докажано е многу одамна дека диетите со низок внес на јаглени хидрати и со голема конзумација на протеини не се поефикасни за слабеење од режимите на исхрана кои советуваат умерено вклучување на мастите.
- Ниедна рестриктивна диета не е посебна. Ги имало многу од овој тип во изминатите децении и сите се покажале како неодржливи на подолг временски период.
- Исхраната богата со влакна општо е добра пракса, но тоа не го исклучува јадењето на разновидна храна. Всушност, само доколку менито ви е составено од различни прехранбени продукти можете да сметате на долгорочно здравје.
На крајот, заклучокот на Healthcare списанието е дека мејнстрим режимите на исхрана, не само што не се воопшто нови, туку докажано е дека не се ниту ефикасни. Барем не, на подолги патеки: не се здрави, а и стопените килограми брзо се враќаат назад.
Единствениот правилен начин за контролирање на телесната тежина, се заклучува во написот е внесувањето на намален број на калории.