Сутерен.мк

„Џејмс Веб“ ја претстави галаксијата Тркало

Исклучително необична галаксија која,која наликува на тркало, настанала како резултат на силен судир помеѓу две помали галаксии.
Тимот кој стои зад вселенскиот телескоп Џејмс Веб ја претстави најновата слика – портрет на галаксијата Тркало, светол објект кој се наоѓа на 500 милиони светлосни години од Земјата, а настанал како резултат на судир на две галаксии.

Галаксијата Тркало спаѓа во категоријата леќеста галаксија и се наоѓа во соѕвездието Кипар.
Судирот што ја создал структурата на двојниот прстен е како „круговите што се создаваат во езерце откако ќе фрлите камче во него“, велат од НАСА.

Внатрешното јадро се состои од прашина, додека најсветлите делови на прстенот кријат роеви млади ѕвезди. Надворешниот прстен се шири веќе 440 милиони години, предизвикувајќи формирање на ѕвезди додека надворешниот прстен удира во гасот што орбитира околу сè.

Галаксијата Тркало првпат беше регистрирана од телескопот Хабл, но Веб ја сними со многу поголеми детали благодарение инфрацрвените капацитети.
Телескопот Веб штотуку почна да ги осветлува тајните делови на нашиот универзум, а со текот на времето дури и ќе ни помогне во потрагата по вонземјани.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *