Сутерен.мк

Стајнбек пишувал петпарачки романи?!

Години пред да стане популарен книжевник ширум светот, Џон Стајнбек (или Џон Ернст Гросштајнбек) напишал најмалку три романи што никогаш не се објавени. Два од нив тој самиот ги уништил, а третиот го има во архива уште откако му го одбиле во 1930 година, но најинтересното е што се пишувано во нив!

Станува збор за трилер – мистерија која има врска со врколаци и се вика „Убиство за време на полна месечина“! На 233 страници напишана е приказна која се одвива во Тексас, во измислен град, каде што се случуваат мистериозни убиства при полна месечина, кои сака да ги реши млад новинар и ексцентричен детектив аматер…

Да биде „шоуто“ уште поголемо, во ракописот има и две илустрации изработени од самиот Стајнбек, кои го доловуваат планот на зградата каде што се случуваат убиствата, како и телата на жртвите.

Експертите за американска книжевност (кои најчесто се Британци) ги убедуваат наследниците на писателот да ги објават овие страници, бидејќи убедени се дека ќе предизвикаат големо внимание! Преведено – ќе заработат многу пари.

Џон Стајнбек (1902 – 1968), „гигантот на американските букви“, роден е во бракот на благајник и учителка, во Салинас (Калифорнија), завршил само средно образование, се женел три пати, често бил на раб на егзистенција (па дури и крадел храна од маркетите) и имал два сина.

Неговиот живот нагло се менува по објавувањето на хумористичниот роман „Рамна тортиља“ во 1935 година. Следуваат „Плодовите на гневот“ (1939), „Глувци и луѓе“ (1937), „Источно од рајот“ (1952)… меѓународни признанија, Нобеловата награда (1962)…

Неговите обожователи се држат до она провереното, дека не треба баш се да се знае зас омилениот писател додека пак, „експертите“ инсистираат да се објават очајните почетоци на неговата кариера. Се правдаат дека не биле баш и така очајни…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us