Сутерен.мк

Викенд рецепт: Полноќна гозба со мечезото

На Мечката и остана половина тиква. Не баш, цел “џек – фенер”… Скромно парче од 500 грама од “Равиолите на Пепелашка” од минатонеделната слава. Да се биде штедлив, а со тоа и еколошки коректен е еден од прерогативите на Мечката за 2022 година, така што нема ден како денешниот, а да не се прифати нова иницијатива за добро дело. Главните елементи од шпајзот, како путер, маслиново масло, хопла, пармезан… го претвораат овој навидум едноставен рецепт во декадентна гозба, погодна за крал или кралица на мечките или – што ти душа сака, госпожа!

Состојки
– ½ килограм рендана тиква
– 4 чешниња лук
– Кромид
– Прстофат морско оревче
– 1 л бујон од зеленчук (или 2 коцки растворени во литар врела вода)
– Маслиново масло
– Путер
– Двоен крем
– Пармезан
– 250 гр добар ориз арборио

Патот до среќен и полн стомак на мечка

– Во тава растопете го путерот со малку маслиново масло.
– Кромидот пропржете го додека не стане проѕирен.
– Додадете го пирето од тиква.
– Згмечете 4 чешниња лук и додадете ги во тавата.
– Зачинете (лесно на солта бидејќи супата за рижото е солена, а дарежливо со пиперот).
– Додадете прстофат морско оревче.
– Продолжете да ја пржите тиквата додека не мека (можете да додадете кутлача бујон за да и ја олесните работата).
– Оставете ја на страна и почекајте го меланжот на совршенството што следува.
– Во тенџере додадете го оризот со малку маслиново масло и путер.
– Почнете да го пржите оризот додека не почне да станува проѕирен.
– Намалете ја ринглата на 3 (од 6).
– Додадете го бујонот, лажица по лажица…
– Полека мешајте, внимавајте оризот да не се залепи внимавајќи да не се скрши зрното за да се создаде леплив хорор.
– Овој процес треба да трае околу 15 минути и оризот да стане “ал денте”.
– Кога последната лажица супа не е целосно испарена, додадете ја тиквата, лажица по лажица, со движење како да правите суфле (многѕ бавно движење).

– Оризот треба да биде сѐ уште видлив, бидејќи сепак ова е рижото.
– Додадете хопла, колку да се загрее, парче путер и изрендајте солидно парче пармезан.
– Послужете во зелен порцелан со кинеска шара, кој служи како неверојатен контраст со декадентната портокалова боја на тиквата
– Консумирајте лакомо, по можност сами, кога сите останати заминале да спијат. Лоша мечка!

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *